НОВОСТИ

Повик за анкетари за спроведување истражување за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес и нивните права и можности за партиципативно учество

Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови, за успешно спроведување на активностите во проектот “Јавни пари за јавно добро” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за двајца анкетари за периодот  јуни – јули 2020 година за спроведување на теренско истражување за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес и нивните права и можности за партиципативно учество во идентификување на општинските приоритети и трошењето на јавните пари за подобрување на животот на граѓаните на општина Битола.

Ова истражување цели да обезбеди пристап до податоци и информации за запознаеноста и информираноста на граѓаните за буџетскиот процес на локално ниво, и нивните права и можности за партиципативно учество, проследено со пристап до информации за процесот на буџетирање и трошење на јавните пари на територијата на општина Битола.

Од оваа активност ќе се идентификуваат предизвиците, но и можностите за понатамошно подобрување на транспарентноста на буџетскиот процес во општина Битола, што ќе биде основа за подготовка на Водич за буџетски процес на локално ниво – документ кој има цел да придонесе кон зголемување на информираноста на граѓаните за  процесот на креирање на општинскиот буџет и трошењето на јавните пари, и да ги охрабри граѓаните да преземат активна улога во буџетскиот процес на локално ниво.

За потребите на истражувањето, распишуваме повик за ангажирање на 2 (двајца) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на теренско истражување и анализа на добиените податоци.

Теренското истражување предвидува спроведување на 200 прашалници во урбаниот и руралниот дел на општина Битола.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој присуството е задолжително.

Селектираните анкетари ќе бидат ангажирани да спроведат по 100 анкети во различни целни групи, и за ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 11 000 мкд бруто износ.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

 • Да се пололетни;

• Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;

 • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време;

• Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;

• Да присуствуваат на еднодневен тренинг;

• Добри комуникациски вештини.

 Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратко мотивациско писмо (не подолго од една страна) и CV, најдоцна до 20ти јуни 2020 на leadernetmk@gmail.com  со назнака „Пријава за анкетар“.

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

Со почит,

Тимот на Мрежа на ЛАГови

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА НА АНАЛИЗА НА ДОКУМЕНТИ И ИЗВЕШТАИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Сојузот на здруженија за рурален развој МРЕЖА НА ЛАГОВИ, на 01 септември 2019 година започна со имплементацијата на проектот “ЗАЕДНО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА” поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија

За успешно спроведување на проектните активности, Мрежата на ЛАГови има потреба од ангажирање на ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА НА АНАЛИЗА НА ДОКУМЕНТИ И ИЗВЕШТАИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА БИТОЛА.

Основната цел на ангажманот е да се подготови Документ со изработена анализа со клучни наоди од истражувачките активности на територијата на општина Битола за заштита на животната средина.
Специфичната намена на документот е да послужи како практична алатка за општина Битола, како и на граѓанските здруженија во спроведување на иницијативи и акции за заштита на животната средина.
Документот е планиран да даде насоки за постигнување на политиките за заштита на животната средина, преку надградување на постојниот систем за животна средина и климатски промени и подготовка за претстојните предизвици со цел усогласување на политиките за одржлив развој согласно ЕУ.
Документот треба да се темели на тековната состојба во животната средина во општина Битола, преку идентификување на проблемите и недостатоците во различни области, и проценка на можностите за поставување насоки за надминување на притисоците и утврдување на приоритети, цели и мерки што треба да се спроведат со цел да се подобри квалитетот на животот и животната средина. Воедно Документот треба да даде анализа за напредокот на општина Битола во спроведување на стратегиите, програмите и активностите за заштита на животната средина, и учеството на граѓаните во креирање и спроведување на мерките согласно подготвените програми.

Документот треба да вклучи визуелно прегледни, едноставни, лесно разбирливи и применливи содржини кои ги опфаќаат следниве тематски прашања:

1. Идентификација на придонесот на животната средина и природните ресурси за економскиот раст
2. Преглед на тековната состојба во областа на животната средина и природните ресурси во општина Битола
3. Анализа ги клучните приоритети од областа на заштита за животната средина и природните ресурси
4. Преглед на статусот на имплементација на националните стратегии и програми за заштита на животната средина и одржлив развој,
5. Идентификување и приоретизирање на механизмите и политиките, како и можностите за финансирање за инвестирање во животната средина преку локални проекти
6. Идентификација на улогата и поделената одговорност на различните засегнати страни на локално ниво во решавање на главните тековни еколошки проблеми
7. Изработена анализа на општина Битола за заштита на животна средина
8. Препораки за Зачувување, заштита и унапредување на квалитетот на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните на општина Битола

Содржината на финалната верзија на анализата е ограничена на максимум 30 страници.

III Тип на договор и надоместок
Со избраниот експерт ќе биде потпишан индивидуален договор за ангажман кој се заснова на плаќање по испорачана услуга: Подготвен Документ со анализа проследена со клучни наоди од истражувачки активности на територијата на општина Битола од областа на заштита на животна средина.
Надоместокот за ангажманот опфаќа 10 работни денови по 50 долари (согласно курсот на доларот), или вкупно 500 долари. Во надоместокот е пресметан и персоналниот данок на експертот.
Краен рок за испорака на услугата е 15 јануари 2020 година.

IV Потребни квалификации
Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

• Експертиза од областа на животна средина;
• Одлично познавање на националните стратегии и документи за заштита на животна средина, Законот за животна средина, Политики за заштита на животна средина; итн.
• Претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти.

V Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
• Детална биографија (CV)
• Писмо за интерес со референци за претходно подготвени слични публикации/алатки.
• Финансиска понуда која ќе ги вклучува сите потребни трошоци

VI Критериум за избор:
• Екпертиза и претходно искуство во подготовка на слични продукти

VII Рок за пријавување
Понудите треба да се достават најдоцна до 25-ти ноември 2019 година по електронска пошта на: leadernetmk@gmail.com

%d bloggers like this: