Featured

Поддршка за ублажување на социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за најранливите групи граѓани

Кризата предизвикана од епидемијата на КОВИД-19 сериозно ги погоди сите сегменти на општеството и сите граѓани, но сепак диспропорционално поголем ефект и штета се предизвикани кај обесправените групи, жените и маргинализираните заедници.

Со цел да се ублажат социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за ранливите групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди 148.000 долари локална поддршка преку регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“ Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество.

Проектот има за цел да даде свој придонес кон подоброто разбирање на ефектот од владините политики врз ранливите групи, а преку спроведените активности да придонесе за ублажување на социо-економските последици за нив. Воедно, проектот ќе промовира подолгорочни мерки за ублажување на ефектите и ќе тестира и развива нови модели и иницијативи за развој во регионот, конкретно за вработување на лицата од ранливите групи.

Локалната грант-поддршката за трите здруженија и трите тинк-тенк организации, преку спроведените активности во рамките на проектот, ќе овозможи:

директна поддршка за организациите кои ги застапуваат ранливите категории граѓани, за да креираат конкретни модели и интервенции за заштита од последиците од кризата и да стимулираат вработување, како и директна поддршка на ранливите групи граѓани; анализа на реалната социо-економска состојба, со што ќе се овозможи следење и креирање јавни политики кои се темелат на факти, како и обезбедување неутрални и независни препораки за владата, опозицијата, медиумите и за јавна дебата;

подобрување на капацитетите за застапување на здруженијата, но и на најранливите групи, со што ќе се овозможи нивно директно влијание врз креирањето на долгорочните политики, и придонес кон формирањето регионална платформа за јавен дијалог за да се дискутира за ефектите од кризата врз економските сектори и да се изгради стратегиска визија за развојот на земјите од Западен Балкан по завршувањето на кризата со Ковид-19.

Поддршката за ублажување на социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за најранливите групи граѓани ќе биде овозможена преку спроведените активности во рамки на проектите на следниве граѓански организации:

Здружение за истражување на политики Аналитика Скопје – проект чија цел е утврдување на состојбата и ефектите од донесените мерки за справување со КОВИД-19, врз ранливите групи граѓани (работници од неформалната економија односно културни работници, угостителски сектор, трговија и домашни работници), како и креирање на основа за подобрување на постоечките мерки/политики и создавање поголема отпорност кај оваа категорија на граѓани на последици од слични кризи во иднина.

Институт за економски истражувања и политики Finance Think Скопје – проект за намалување на социо-економските последици од кризата предизвикана од Ковид-19 врз ранливите категории работници.

Здружение за истражување и анализи, ЗМАИ Скопје – проект кој цели да придонесе кон зголемување на транспарентноста на податоците кои ја опишуваат реалната економска состојба и влијанието на Ковид-19 за време на фазата на економско закрепнување во Република Северна Македонија.

Здружение на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници Гласен Текстилец – проект кој има за цел лобирање, застапување и набљудување на спроведувањето на уредбите и мерките кои се однесуваат на безбедност на работно место, почитување на работнички права и исплата на плати за време на епидемијата од Ковид-19. Проектот ќе се реализира со менторска поддршка од ЗМАИ Скопје.

Здружение за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР – проект за зајакнување на социјалната и економската состојба на жената од руралните средини, преку градење на економски одржливи земјоделски фарми и локални капацитети, воспоставување на пристап до советодавна поддршка и креирање на јавни политики за правна еднаквост. Проектот ќе се реализира со менторска поддршка од Finance Think.

Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците „Достоинствен Работник Прилеп”– проект чија цел е безбедување на проактивна социо-економска анализа, едукација, солидарност и заштита на работниците од неформалната економија (домашни работници, културни работници и работниците во угостителството) во општина Прилеп во справување со Ковид-19. Проектот ќе се реализира со менторска поддршка од Аналитика Скопје.

Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија се залагаме за достоинство за сите граѓани подеднакво и продолжуваме и натаму брзо и флексибилно да реагираме на сите закани за отвореното општество.

Линк од објава: ФООМ

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК


За искажување интерес за менаџирање со опрема за авантуристички туризам во Бислимска Клисура

Локална акциска група за рурален развој АБЕР 2015, с. Старо Нагоричане има потреба од економски оператори кои ќе работат со опрема за авантуристички туризам на локацијата Бислимска Клисура во с. Пчиња. Станува збор за комплетна опрема за качување по карпи ( 60 стази/насоки и 1 Виа Ферата), 16 планински велосипеди, 6 електрични велосипеди, 1 рафтинг чамец, 15 кајаци и 2 АТВ мотори. Ги покануваме сите заинтересирани странки да ја посетат локацијата на ден 31.08.2020 (понеделник) во 09:00h., откако претходно ќе се пријават на мејл: lagaber2015@gmail.com. Посетата е предуслов за доставување на предлог бизнис план за менаџирање на опремата кој треба да се достави на погоре наведената е – мејл адреса најдоцна до 09.09.2020 до 09:00h. Селекција на заинтересираните оператори ќе се изврши најдоцна до 16.09.2020.

Сојуз на здруженија за рурален развој – Мрежа на ЛАГови

Одржливиот  рурален развој  овозможува генерирање на економски раст, постигнување на социјална благосостојба, спроведување на грижа за животната средина и заедничка соработка за подобар светОдржливиот  рурален развој е пат кон иднината!